Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот против Арсенал се осврна на зголеменото незадоволство кај играчите поради пренатрупаниот календар.
Играчот од средниот ред на Сити, Шпанецот Родри, претходно оваа недела изјави дека играчите биле блиску до штрајк поради премногу натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Многумина им кажуваат на играчите, а јас сум прилично сигурен дека ако нешто се промени, тоа треба да започне од самите играчи. Овој бизнис може да оди без тренер, без спортски директори, медиуми, може да оди без сопственик, но без играчи? Не може да се игра. Само тие имаат моќ да променат нешто“, изјави Гвардиола.
Манчестер Сити потенцијално би можел да одигра 76 натпревари оваа година, а многу играчи имаат уште и репрезентативни обврски.
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска се согласи со Гвардиола и порача:
„Мислам дека не ги штитиме играчите, погрешно е колку натпревари играат. Мораме да им помогнеме да променат нешто“, изјави Мареска.