Дома Македонски спорт Фудбалерите од 19 години и вратија на Босна за поразот во првата контролка

Фудбалерите од 19 години и вратија на Босна за поразот во првата контролка

Maкедонската фудбалска репрезентација до 19 години и врати на Босна и Херцеговина за поразот во првата контролка и денеска славеше со 2:0, истиот резултат со кој противничката селекција славеше во првиот дуел.

Водството за избраниците на Тони Јакимовски на теренот на ФФМ во Аеродром го донесе Каба Јакупи на стартот од вториот дел, конечните 2:0 беа поставени во судиското продолжение од средбата со голот на Фикрет Љиварека.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


Овие два натпревари против БиХ беа припрема за елитните квалификации за Европското првенство 2024 година до 19 години кое ќе се игра во јули во Северна Ирска.

За место на Европското првенство Македонија ќе се бори од 20-ти до 26-ти март во Скопје и ќе игра против репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Македонија: Петар Јакимов, Максим Славков, Теодор Николовски, Никола Манојлов, Андреј Аризанкоски, Никола Величковскои, Амир Нухија, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Донарт Беџети, Лорик Каба Јакупи;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…