Дома Луд Спорт Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија новите автомобили од Audi – еве кој што одбра

Фудбалерите на Реал Мадрид ги добија новите автомобили од Audi – еве кој што одбра

Како спонзор на кралскиот фудбалски клуб Реал Мадрид, автомобилскиот гигант Audi од 2003 година наваму, традиционално, секоја сезона им дава на фудбалерите на славниот шпански клуб нови автомобили од нивните модели, по личен избор на фудбалските ѕвезди.

Поранешниот француски интернационалец, а сега тренер на екипата, Зинедин Зидан се одлучи за Audi RS3 Sportback. Истиот овој автомобил беше одбран и од Карим Бензема и Тибо Куртоа.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дури 11 фудбалери го одбраа моделот Q7 50 TDI quattro tiptronic. Ваков автомобил ќе возат Брахим Диаз, Лука Јовиќ, Алфонсо Ареола, Маријано Диаз, Лука Модриќ, Едер Милитао, Бодриго Гоес, Карлос Касемиро, Ферланд Менди, Герет Бејл и ИскоДани Карвахал, Лукас Васкез, Тони Крос, Хамес Родригез, Еден Хазард, Валверде и Начо Фернандез го одбраа поголемиот Q8.

Преостанатите фудбалери, Винисиус, Алваро Одриозола, Марко Асенсио и Марсело Виеира ќе возат A7 Sportback 50 TDI.

Единствен фудбалер кој одбра електричен автомобил е Рафаел Варан кој го одбра моделот e-tron 55 quattro.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Гатузо после 22 години ја избричи брадата

Легендарниот Италијанец, Џенаро Гатузо учествуваше во хуманитарната акција „Брадеста аукци…