Дома Фудбал Фудбалерите на Барса се собраа кај Меси на скара и славеа: Шампиони, Шампиони…🎥

Фудбалерите на Барса се собраа кај Меси на скара и славеа: Шампиони, Шампиони…🎥

Фудбалерите на Барселона во неделата на гости ја победија Валенсија со 3:2 и така останаа во борба за титулата шампион на Шпанија, а Лионел Меси овој викенд одлучи да организира едно дружење со соиграчите.

Каталонците во текот на минатата недела доживеаа шокантен пораз од Гранада, сепак брзо се вратија и против Валенсија забележаа победа. И во овој натпревар на теренот лидер на Барса беше Меси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Месиу одлучи да организира и едно дружење со соиграчите со цел да се зајакне тимскиот дух пред финишот на сезоната кога ќе се решава трката за шампион на Шпанија.

Шпанските медиуми објавија дека играчите на Барселона се собрале на скара во домот на Меси, оваа информација брзо стигнала до новинарите кои се појавиле пред домот на Аргентинецот.

На Твитер може да се види и едно видео од кое се слуша како играчите на Барселона пеат: „Шампиони, Шампиони“…Очигледно тие се убедени дека на крајот ќе ја освојат Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…