Дома Фудбал Останато Француската легенда „удри“ по ѕвездите на ПСЖ: Тие се егоисти!

Француската легенда „удри“ по ѕвездите на ПСЖ: Тие се егоисти!

Поранешниот најдобар фудбалер на светот и легенда на францускиот фудбал, Жан Пјер Папен остро ги критикуваше ѕвездите на ПСЖ после поразот од Ливерпул.

Папен без влакна на јазикот изјави дека големите ѕвезди, Нејмар, Кавани и Мбапе се егоисти.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Во модерниот фудбал сите фудбалери работат, едноставно не можеш да победиш ако напаѓачите не се враќаат назад да помогнат. Во ПСЖ фудбалерите не се херои, туку егоисти. Има разлика од ѕвездите кои ги гледам во другите земји и овие во Франција. Кога Нејмар играше во Барса се враќаше во одбрана, во ПСЖ не. Едноставно мора да му служиш на тимот“, истакна Папен.

„Овие фудбалери имаат класа, но треба да знаат дека и останатите фудбалери исто така имаат квалитет. Тој кој што дава голови е Кавани, а Нејмар и Мбапе треба да играат за него. Или си голем тим и можеш да ја освоиш ЛШ, или си тим каде секој прави што сака и игра за себе си“, заклучи легендарниот Французин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул се откажа од Алонсо, замената за Клоп ја најде во Португалија!?

Откако Јирген Клоп јавно објави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Ливерп…