Поранешниот репрезентативец на Франција Биксенте Лизарзу узјави дека само Лионел Меси и Кристиано Роналдо во овој момент се пред Килијан Мбапе.
Играчот кој поголемиот дел од кариерата го помина во Баерн Минхен изјави дека со напредокот на ПСЖ Мбапе би можел да се развие во уште поголема суперѕвезда на светскиот фудбал.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со само 20 години Мбапе е еден од најпознатите фудбалери во светот. Веќе освои две титули со ПСЖ, додека со Франција стана светски шампион.
Допрва од Мбапе се очекуваат големи работи, тој воодушевува со настапите за клубот и репрезентацијата, а многумина сметаат дека само прашање на време е кога младиот фудбалер ќе стигне до „Златната топка“.
Лизарзу кој беше шампион на светот со репрезентацијата на Франција во 1998 година верува дека Мбапе е играч кој е предодреден за големи работи.
„Да, мислам дека тој може да биде следната вистинска ѕвезда во фудбалот. Тој веќе е тоа, но во иднина и повеќе ќе се зборува за него. Тој е убедливо најдобриот млад фудбалер во светот, а после Роналдо и Меси нема причина да не биде најдобар во светот“, изјави Лизарзу.
Мбапе беше член на стартниот тим на Франција на Светското првенство во Русија каде што Шпанија стигна до светската титула.
Во иднина од генерацијата на Франција во која заедно со Мбапе се Пол Погба, Антоан Гризман, Варан…се очекуваат големи успеси.