Дома Останати Тенис Французин ја доби најголемата казна во историјата на тенисот!

Французин ја доби најголемата казна во историјата на тенисот!

Францускиот тенисер Уго Гастон ја доби најголемата казна во историјата на тенисот откако Асоцијацијата на тениски прогесионалци го казни со 144.000 евра.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гастон казната ја заработи поради неспортското однесување во мечот против Борна Чориќ на Мастерсот во Мадрид. Французинот беше обвинет дека намерно го пуштил второто топче на терен за време на поен кој му беше загубен против Чориќ, па така го примора судијата го повтори поенот.

„Во согласност со новите правила на АТП казните за неспортско однесување се зголемуваат за 100% за секој следен прекршок. За Гастон ова беше четврта казна и затоа износот е огромен“, објаснија од АТП.

Сепак, постои можност со жалба казната да му се намали на половина, под услов да не повтори вакво нешто во наредните 12 месеци. Во овој момент Гастон е 108. тенисер во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Толку од рекордот на Ѓоковиќ: Синер е страшен, ги руши сите граници!

Јаник Синер без многу напор стигна до полуфиналето на Мастерс турнирот во Рим. Зошто пробл…