Француската фудбалска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри, откако во Бордо ја совлада Аргентина во четвртфиналето со резултат 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жан-Филип Матета во петтата минута.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Веднаш по крајот на натпреварот дојде до физичка пресметка меѓу играчите. Сè траеше околу две минути пред да се разделат ривалите. Наводно, метеж имало и во тунелот што води кон соблекувалните.
Пред, за време и по натпреварот, домашната публика ги исвиркуваше фудбалерите на Аргентина и нивниот селектор Хавиер Маскерано.
Во полуфиналните мечеви на олимпискиот турнир на 5 август Франција ќе игра против Египет, додека Шпанија за ривал ќе го има Мароко.