Дома Топ вести Фото: После натпреварот Зидан влезе во соблекувалната на Барселона

Фото: После натпреварот Зидан влезе во соблекувалната на Барселона

Барселона синоќа пред домашните навивачи ремизираше против лутиот ривал Реал Мадрид во натпревар од 36. коло во шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб во претходното коло ја осигура титулата првак на Шпанија и поради тоа Ел Класико немаше некое резултатско значење. Сепак, невозможно е во ваков натпревар да очекуваме мирна атмосфера што се покажа и синоќа во неколку дуели на играчите.

Сепак, синоќешниот натпревар најмногу ќе се памети по Андрес Иниеста кој во дресот на Барселона го одигра својот последен Ел Класико. Иниеста во 58. минута доби аплауз на отворена сцена додека го напушташе теренот.

Она што ги воодушеви многу е потегот на Зинедин Зидан кој после натпреварот отиде во соблекувалната на Барселона за да се поздрави со Иниеста.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Скалони ја загрижи цела Аргентина со својата изјава!

Лионел Скалони зад себе има еден од најуспешните периоди во историјата на аргентинската ре…