Дома Фудбал Останато ФОТО: Англичаните воодушевени од Манчестер Јунајтед – „Ова е време на Мурињо“

ФОТО: Англичаните воодушевени од Манчестер Јунајтед – „Ова е време на Мурињо“

Жозе Мурињо предизвика измешани реакции по прославата на победата во Торино против Јувентус од 2:1.

Тренерот на Манчестер Јунајтед ги провоцираше навивачите на Јувентус по натпреварот гестикулирајќи кон нив како да сака да слушне нешто. Мурињо тврди дека бил испровоциран и дека италијанските навивачи целиот натпревар го навредувале.


Англија преживеа, Турција по ново изненадување! ↓↓↓


„Ме провоцираа сите 90 минути. Дојдов овде само да ја извршам мојата работа, ништо повеќе. На крајот никого не навредив, само сакав да слушнам што сега имаат да кажат. Веројатно тоа не би го направил со ладна глава. Но, ми го навредуаа моето семејство и Интер, а Интер е мое семејство, па затоа така реагирав“, изјави Мурињо.

Англиските медиуми своите насловни страни ги посветија токму на големата победа на Јунајтед во 4. коло од Лигата на Шампионите. Сите имаа позитивни зборови освен весникот „The Sun“ кој двосмислено стави голем наслов „NO CLASS“ преку целата насловна, што се однеува на симулирањето на Стерлинг против Шахтјор, а во исто време го држи насловот преку фотографијата на Мурињо.

Како изгледаа насловните страни на Телеграф, Експрес, Метро, Сан и Тајмс можете да ги погледнете во фотографиите што следат:

 

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Како шишето за вода и помогна на Англија за пласман во четвртфинале!?

Англискиот голман Џордан Пикфорд одигра клучна улога за пласманот на Англија во четвртфина…