Дома Фото Фотографии кои го обиколија светот: Во Шпанија изјави после натпревар се даваат со посебни упатства

Фотографии кои го обиколија светот: Во Шпанија изјави после натпревар се даваат со посебни упатства

Сезоната во шпанската Ла Лига конечно продолжи пред неколку дена со натпреварите од 28. коло.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После три месеци пауза клубовите во Шпанија го продолжија натпреварувањето, а уште во првото коло можевме да видиме неколку добри натпревари. Барса во саботата во гости ја декласира Мајорка со 4:0, додека Реал синоќа го победи Еибар со 3:1 и го задржа чекорот на табелата во Ла Лига.

Меѓутоа, колку фудбалот се промени поради пандемијата можеше најдобро да се види после натпреварот Мајорка – Барселона. Кике Сетиен и неколку играчи на Барса дадоа изјави после натпреварот, а тие фотографии го обиколија светот.

Имено, и давањето изјави сега се целосно различни бидејќи новинарите се на дистанца од најмалку два метри, а во кадар можете да го видите само мирофонот кој е покриен со најлон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Ова се можните противници на Вардар во квалификациите за ЛШ

Со завршувањето на сезоната во поголемиот дел од европските шампионати, познати се и сите …