Дома Луд Спорт (Фото+Видео) Ибрахимовиќ го откри изгледот на својата нова статуа

(Фото+Видео) Ибрахимовиќ го откри изгледот на својата нова статуа

Во ноември минатата година беше најавено дека статуата на Златан Ибрахимовиќ ќе биде поставена пред „Френдс Арена“, стадионот во Стокхлом каде што своите натпревари ги игра репрезентацијата на Шведска.

Златан единаести пат стана фудбалер на годината во Шведска, па не е изненадување тоа што неговата статуа ќе биде пред стадионот во Стокхлом.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Човекот од Росенгард ќе добие своја статуа во главниот град на Шведска. Такво нешто најчесто се случува кога ќе умрете, но јас се уште се чувствувам жив“, изјави Златан на церемонијата, кога тој ја доби последната награда за најдобар шведски играч на годината.

На Ибрахимовиќ ќе му биде оддадена голема чест, а статуата која ќе биде поставена пред стадионот ќе биде висока 2.7 метри. Сепак, до сега никој не знаеше како ќе изгледа таа.

Златан одлучи на својот Инстаграм профил да откри неколку интересни детали од својата статуа. Тој стави видео на кое може да се види главата со натпис: „Симболот на Шведска е речиси завршен“.

 


Zlatanova statua by goloviliga

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…