Фудбалерите на Барселона синоќа одиграа против Монако во „Жоан Гампер“ купот, традиционален натпревар во кој Каталонците се претставуваат пред своите навивачи.
По добрите партии на американската турнеја, навивачите на Барселона беа повеќе од оптимисти, но комбинираниот состав на каталонскиот тим доживеа вистинска шлаканица.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ханси Флик извади солидни играчи во првиот состав, новиот капитен Тер-Штеген, Кунде, Кристенсен, Инџиго Мартинез, Балде, Рафиња, Левандовски, како и новопромовираните од Б тимот Касадо и Бернал…
Во првите 45 минути немаше голови, иако Пау Виктор промаши чист удар во првата минута. Потоа Монако во второто полувреме постигна три погодоци.
Во 50. минута Камара постигна гол за 0:1, а во 57. Емболо го удвои водството.
Се беше готово во 86. минута кога Елеби ги постигна конечните 0:3.
Во вториот дел Флик ги внесе Гундоган, Феран Торес, Ламин Јамал, но не вредеше.
Инаку, интересно е што последен пат Барселона го загуби домашниот „Жоан Гампер куп“ од Сампдорија летото 2012 година кога беше 0:1.
Конечно, вечерва на домашните навивачи им се претстави новото засилување Дани Олмо.