Матеничаров Илија се враќа во својот матичен клуб, со нова функција – потпретседател на ФК Беласица.
За Матеничаров и неговата кариера во фудбалот се запознаени струмичани и цела македонска јавност и што тој може да и понуди на Беласица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претседателот Славчо Васков – Пинда му ја довери функцијата, преку која ќе има главна задача да ја врати старата, блескава и препознатлива младинска школа на ФК Беласица, сега откако нашите млади сили изборија пласман во младинската Суперлига.
Реорганизација, донесување на нови познати и талентирани тренери, како и подигање квантитативно и квалитативно на младинската школа со нови талентирани фудбалери се низата предизвици со кои Матеничаров ќе се соочи.