Дома Македонски спорт Мак фудбал СКАНДАЛ: Тренерите и фудбалерите на Беласица нападнати во соблекувална пред натпревар!

СКАНДАЛ: Тренерите и фудбалерите на Беласица нападнати во соблекувална пред натпревар!

Денес во македонскиот фудбал се играа натпревари од првата и втората лига, а скандал се случил пред натпреварот на ФК Беласица.

Имено, како што објави клубот, фудбалерите на струмичкиот клуб биле нападнати пред почетокот на натпреварот на гостувањето против ФК Локомотива Пехчево.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Скандал пред почетокот на натпреварот од ВТОРАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА помеѓу ФК Пехчево Скопје и ФК Беласица.

Во гостинската соблекувална на игралиштето на Фортуна, со нула обезбедување од страна на полициска служба, нашиот тренер и тренерот на голмани беа физички нападнати со тупаници и шлаканици од засега неидентификувани лица, додека кон нашите фудбалери и стручен штаб беа упатени закани дека ќе биде искористено и огнено оружје!!!

Нека биде запознаена македонската јавност дека фудбалот во нашата земја е уште далеку од оној европскиот!“, објавија од клубот.

Фото: ФК Беласица

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Братот на Јокиќ во проблем: Полицијата отвори истрага

Кошаркарите на Денвер беа подобри од Лос Анџелес Лејкерс во нивниот втор меѓусебен натпрев…