Дома Фудбал Останато ФИФА потврди: Никогаш претходно во јануари не се трошело како сега!

ФИФА потврди: Никогаш претходно во јануари не се трошело како сега!

Фудбалските клубови потрошија рекордни 1.57 милијарди долари на трансфери во зимскиот преоден рок, соопшти ФИФА.

Според ФИФА прегледот за јануари 2023 година во машкиот фудбал биле направени 4387 меѓународни трансфери. Потрошени се вкупно 1.57 милијарди долари, што е околу 230 милиони повеќе од претходниот рекорд поставен во јануари 2018 година.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бројот на трансфери во машкиот фудбал порасна за 14.4% во однос на истиот период 2022 година и вкупната фредност за оштети за трансфери пораснала за 49.4%.

Англиските клубови беа на врвот на листата според потрошувачката со вкупни трошоци од 898.6 милиони долари што е 57.3% од целата сума потрошена во јануари на светско ниво, зад нив е Франција со 131.9 милиони евра.

Кај фудбалерките вкупниот број на трансфери исто така достигна ниво на најголема вредност на сите времиња со 341 трансфер, што е зголемување од 30.2% во споредба со јануари 2022 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Веќе се најавува кој би можел да го наследи Хамилтон во Ферари!

Луис Хамилтон со големи надежи премина од Мерцедес во Ферари, но и покрај тоа, во 14 трки …