Дома Фудбал Репрезентации ФИФА може да го казни Бразил: Под знак прашалник се доведува учеството на Мундијалот?!

ФИФА може да го казни Бразил: Под знак прашалник се доведува учеството на Мундијалот?!

Од елиминацијата од Мундијалот во Катар Бразил победи на само три од следните осум натпревари. „Кариоките“ победија против Гвинеја во пријателски натпревар и против Перу и Боливија во првите натпревари од квалификациите. Тие 55% порази за Бразил во 2023 година се најлош резултат на оваа селекција во една година уште од 1940, a сега оваа репрезентација може да се соочи и со поголем проблем.

Поразот од Аргентина беше трет пораз во низа во квалификациите, нешто што никогаш претходно не им се случило. На овој натпревар му претходеа сериозни инциденти на трибините, а ФИФА соопшти дека отворила истрага.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Истрагата е отворена поради бруталниот однос на полицијата кон навивачите пред почетокот на средбата. Поради тие инциденти, Меси ја повлече екипата од теренот, а натпреварот доцнеше половина час.

Сега со оваа истрага се најавува дека Бразил може да игра натпревар пред празни трибини или да му бидат одземени бодови.

Одземањето бодови би бил и тоа како сериозен удар во квалификациите затоа што Бразил има само седум бода во шест натпревари и се наоѓа на шестата позиција. Зад него се Парагвај и Чиле со по пет, Боливија има три, Перу два. Шестата позиција е последната која води директно на Мундијалот, додека седмиот игра бараж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…