Дома Фудбал ФИФА: Годинава се направени 11.000 трансфери

ФИФА: Годинава се направени 11.000 трансфери

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) вчера објави дека во 2024 година се направени рекорден број од 11.000 регистрирани меѓународни трансфери, што е зголемување за 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Исто така, беше објавено дека клубовите ширум светот потрошиле повеќе од 6,4 милијарди долари за обештетување, што е втора најголема сума во историјата, но и намалување од 13,06 отсто во однос на рекордот лани.

Убедливи лидери кај потрошувачите се европските клубови со 5,58 милијарди долари, а доминираат англиските клубови кои само за време на летниот преоден рок потрошиле дури 1,6 милијарди долари. Сепак, и таа сума е пад од 15,5 отсто во однос на лани кога англиските клубови потрошија две милијарди долари.

Клубовите од Саудиска Арабија, исто така, забележаа пад на трошоците за неверојатни 50,74 проценти. По минатогодишните 875 милиони долари, саудиските клубови годинава потрошија 431 милион долари, но оваа бројка би требало да расте со оглед дека трансфер периодот во таа земја трае до октомври.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Белгија му се потсмева на Трамп. Лукаку со потег на претседателот го одбележа голот

Белгија ги победи Соединетите Американски Држави со резултат 4:1 во најконтроверзниот натп…