Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Финале за паметење: Аргентина е нов светски шампион!

Финале за паметење: Аргентина е нов светски шампион!

Аргентина и Франција одиграа спектакуларно финале, па откако после 120 минунти резултатот беше 3:3, па „гаучосите“ после изведување на пенали се искачија на врвот на светот.

Аргентинците подобро го отворија мечот, од самиот старт ја контролираа играта и создаваа полу шанси.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во 22-та минута Дембеле го сруши Ди Марија во казнетиот простор, судијата покажа на балета точка, а сигурен реализатор беше Меси.

Десет минути подоцна Аргентина изведе одлична полуконтра која со гол ја заврши Ди Марија за предност од 2:0.

Франција беше целосно индиспонирана и го одигра најлошото полувреме, без да создаде ниту една шанса.

Во второто полувреме Дешамп направи неколку измени, а се чини дека клучниот момент беше влегувањето во игра на Квинсли Коман. Меѓутоа, Франција продолжувеше да биде во подредена улога и се чинеше дека Аргентина рутински ќе ја зачува предноста.

Во 80-та минута „триколорите“ добија пенал после една грешка на одбраната на Аргентина, а сигурен реализатор беше Мбапе. Само две минути подоцна Мбапе постигна уште еден гол и го однесе мечот во продолженија.

Драмата не изостана и во продолженијата, најпрво Меси во 111- минута постигна гол за 3:2 и кога се чинеше дека тоа ќе биде доволно за „гаучосите“ Франција избори уште еден пенал и Мбапе постигна хет-трик во 118-та минута.

Трагичари во пенал серијата за Франција беа Коман и Чуамени, додека кај Аргентина сите четворица изведувачи беа прецизни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…