
Фудбалерите на Барселона во недела го пречекуваат Реал Мадрид во натпревар кој во голема мера ќе ја одреди шампионската трка, а Ханси Флик има одредени дилеми пред четвртото „Ел Класико“.
Иако каталонските медиуми истакнуваат дека Флик во моментов е најблизу до тоа да изведе идентична постава како против Интер, се шпекулира дека за време на викендот може да го промени своето мислење.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Прво, голема дилема е дали во отсуство на Жил Кунде повторно ќе го стави Ерик Гарсија, кој е значително побавен, или Роналд Араухо, кого Чави во претходните две сезони редовно го користеше како десен бек што го чува Винисиус Жуниор.
На другата страна се очекува дека Жерар Мартин повторно ќе го започне натпреварот, но сигурно е дека Балде ќе добие шанса во продолжение, бидејќи се опорави од повреда и се враќа во натпреварувачки погон.
Во средниот ред се очекува да играат повторно Педри, Де Јонг и Дани Олмо, на крилата Џамал и Рафиња, додека во моментов Торес има поголеми шанси да започне пред штотуку опоравениот Роберт Левандовски. Полјакот го уверува Флик дека е целосно спремен да започне, но Флик има дилема бидејќи е свесен дека не може да игра целосен натпревар, па во моментов е подобра опција да влезе од клупата.
Во однос на реваншот со Интер, клучни вести се дека Балде се врати, како и дека Левандовски може да одигра значајна улога, додека дилемата е дали Винисиус да го чува Араухо или Гарсија.
Да потсетиме, Барса ги доби сите три овосезонски “Ел Класико”, во првото лигашко беше 0:4 во Мадрид, потоа 5:2 во Суперкупот на Шпанија, додека во финалето на Купот на кралот беше 3:2 по продолженија.
Натпреварот Барселона – Реал Мадрид е на програмата во недела во 16.15.
Фото: Принтскрин