Дома Фудбал Страдањето заврши по седум години: Паднатиот гигант се врати во Бундеслигата

Страдањето заврши по седум години: Паднатиот гигант се врати во Бундеслигата

Седум години страдање во Хамбург синоќа завршија. Еден од најголемите германски клубови, освојувач на Купот на шампионите од 1983 и постојан член на Бундеслигата до 2018 година, Хамбургер се врати таму каде што припаѓа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерите на Хамбургер во претпоследното коло на Цвајте го совладаа Улм со убедливи 6:1 и обезбедија враќање во Бундеслигата.

Шесткратниот првак на Германија помина низ многу маки пред да се врати меѓу најдобрите, а радост на целиот град донесе младиот и до доаѓањето во ХСВ во текот на сезоната неафирмиран тренер Мерлин Полцин, кој има само 34 години и требаше да биде само привремено решение на клупата на европскиот првак.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Родри носи проблеми, талентот на Барса сака да си оди?

Родри само што не пристигна, што значи дека – некој мора да си оди. Како ПАМЕТНО да …