
Патрик Муратоглу, едно од најголемите имиња меѓу тренерите на денешницата, вели дека Јаник Синер ќе пристигне на Ролан Гарос со реални шанси да ја освои титулата.
Овој Французин од грчко потекло, како аргумент за тврдењето дека Синер има реални шанси да победи во Париз иако досега во кариерата има најмалку успеси токму на земјата, наведува една споредба:
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
– Во минатото видовме многу победници на Ролан Гарос кои не се специјалисти за земјена подлога. Новак Ѓоковиќ, на пример, не е прототип на играч за земја. Затоа мислам дека Јаник дефинитивно може да го освои овој турнир – истакнува Муратоглу дека Италијанецот по разни карактеристики потсетува на играчот од Србија.