Дома Фудбал Англија Фил Џонс: Секоја ноќ добивам по некоја фотографија, не знам од каде ги наоѓаат

Фил Џонс: Секоја ноќ добивам по некоја фотографија, не знам од каде ги наоѓаат

Англискиот дефанзивец Фил Џонс неодамна го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед кој сега има важност до летото 2023 година.

Овој 27 годишен фудбалер на „Олд Трафорд“ пристигна во 2011 година од редовите на Блекбурн и на изненадување на многумина во Манчестер Јунајтед успеа да се задржи осум години.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Она по што Фил Џонс ќе остане засекогаш запаметен се неговите гримаси во одредени моменти од натпреварот. На интернет може да се пронајдат безброј фотографии со урнебесни реакции на Џонс и во тој сегмент навистина му нема рамен.

Сега Џонс откри дека таквите фотографии знаат да ги користат неговите пријатели кога се шегуваат на негова сметка. Џонс откри дека скоро секоја ноќ тие му испраќаат нова фотографија во нивната „Ватс Ап“ група.

„Тоа е нешто кое ме следи во текот на целата кариера и сигурно нема да заврши, а моите пријатели тоа знаат да го искористат. Во нашата „Ватс Ап“ група скоро секоја ноќ добивам некоја нова фотографија. Навистина не ми е јасно од каде успеваат да ги најдат. Се навикнав на тоа да ми се смеат и да добивам фотографии од моите гримаси, понекогаш и јас самиот ги користам. Навистина не се лутам“, изјави Џонс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати паровите за плеј-оф битките и четвртфиналето во Лигата на Нации

Во Лигата на Нации денеска беше одржана ждребката за плеј-оф битките за промоција и опстан…