Дома Фудбал Останато Фиго назначен за советник во УЕФА

Фиго назначен за советник во УЕФА

Португалската фудбалска легенда, Луис Фиго се приклучи на Европската фудбалска асоцијација и од денес ќе биде советник на УЕФА.

Во текот на својата кариера долга скоро две децении Фиго освои многу титули и индивидуални награди. Сега тој ќе се обиде своето знаење да го пренесува во УЕФА и се приклучува на оваа организација во улога на советник.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


44-годишниот Фиго, кој освои повеќе од 20 трофеи во кариерата во Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер ќе работи со претседателот на УЕФА, Александер Чеферин на голем број технички и легални работи, а ќе продолжи да биде и амбасадор на фудбалот.

„Луис Фиго беше фантастичен фудбалер кој беше пример како еден спортист треба да се однесува на теренот, но и надвор од него. Тој е почитувана личност во овој спорт и навистина сум задоволен што ќе биде дел од нашиот тим. Неговото огромно фудбалско искуство ќе биде од големо значење за УЕФА“, изјави Чеферин.

Именувањето на Фиго е дел од планот на Чеферин за вклучување на повеќе поранешни играчи во процесот на одлучување во УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Страшно лето за Атлетико: Потрошија 200 милиони евра на осум засилувања!

Додека сите зборуваат за импресивната сезона на Барселона и револуцијата на Реал Мадрид по…