Љубителите на Формула 1 и синоќа уживаа во одлична трка во Остин за Големата награда на САД, која на крајот му припадна на Макс Ферстапен, но неверојатен на патеката беше и искусниот Фернандо Алонсо.
Ферстапен неколку круга пред крајот на трката го престигна лутиот ривал Луис Хамилтон и ја потврди доминацијата на Ред Бул оваа сезона со тоа што ја добија и шампионската титула во конструктори.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сепак, во центар на внимание беше и судирот на Алонсо кој буквално полета во воздух со болидот по судирот со Ленс Строл, но успеа да стигне до боксот и да ги замени оштетените делови, по што заврши во топ-10.
Во еден момент од трката му се откачи и ретровизорот, а тоа ФИА го опиша како возење во небезбедни услови и го казни со 30 секунди, по што Алонсо падна дури до 15. позиција.
BREAKING: Fernando Alonso has received a 30-second penalty as his car was sent back on track in an unsafe condition
— Formula 1 (@F1) October 24, 2022
He drops down to P15, with Vettel (P7), Magnussen (P8), Tsunoda (P9) and Ocon (P10) all moving up in the points#USGP #F1 pic.twitter.com/zW9cC89Nwj