Дома Останати Авто Мото Фетел се закити со титулата во Монтреал, прва за Ферари по 2004.

Фетел се закити со титулата во Монтреал, прва за Ферари по 2004.

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел славеше денес во трката на Ф1 за Големата награда на Канада во Монтреал и го презеде водството во генералниот пласман.

Фетел ја оствари 50. победа во кариерата, а трета во сезоната. Тој трката ја стартуваше од пол позицијата и не го испушти водството до крајот на трката.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фетел го презеде првото место во генералниот пласман со бод предност над Луис Хамилтон од Мерцедес.

Тоа е прва победа на Ферари во Монтреал од 2004. година.

Второто место го зазеде возачот на Мерцедес, Валтери Ботас а трет заврши Макс Верстапен од Ред Бул.

Возачот на Ред Бул, Даниел Рикиардо го зазеде четвртото место пред актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон.

Следната трка во шампионатот на програмата е на 24. јуни и е битка за Големанта награда на Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…