Дома Останати Авто Мото Фетел најдобар во трката за ГН на Бразил

Фетел најдобар во трката за ГН на Бразил

Германскиот возач, Себастијан Фетел славеше на денешната трка за ГН на Бразил.

Иако финскиот возач, Ботас стартуваше од пол позицијата, Фетел брзо го премина, а Ботас се најде помеѓу него и Рајконен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Светскиот шампион, Луис Хамилтон стартуваше од гаражата поради несреќата во текот вчерашните квалификации, но се доближи до останатите кога безбедносното возило пристигна на стазата. Во такви околности, Хамилтон стигна до четвртата позиција, а го презеде и водството на десет кругови, кога водечката тројка замина во бокс. Откако ги одработи своите овцрски околу менувањето на гумите, дојде до петтата позиција и брзо го премина Ферстапен и стигна на четвртото место. Подоцна направи грешка кога сакаше да го мине и Кими, по што ги загуби шансите.

Што се однесува до битката за првото место, Фетел без поголеми проблеми држеше предност во однос на Ботас кој го стигна пред самиот крај, но сепак не успеа да го загрози, па Германецот ја славеше својата четврта победа оваа сезона.

За потсетување, шампионот е веќе познат, тоа е Луис Хамилтон кој на тоа место го наследи некогашниот колега Нико Розберг.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Страшна трагедија: Автомобил влета во публика – седум лица загинаа, уште најмалку 20 се повредени 🎥

Вистински ужас се случил на трката на патеката „Фокс Хил“ во Шри Ланка каде што животот го…