Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс не е задоволен од односот на тренерот Диего Симеоне и сака да си замине во јануари.
Младиот Португалец веќе пет меча седи на клупата за резерви и јавно почна да го искажува своето незадоволство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми пренесуваат дека Феликс е огорчен од ситуацијата и побарал да го напушти клубот во јануари.
Иако клубот тврди дека нема намера да го продаде, сепак одлуката на Феликс е конечна и неговиот менаџер Жорге Мендеш веќе почна да му бара нов клуб.
🚨 @FabrizioRomano: "The situation is really TENSE between João Felix and Atletico Madrid, especially with Simeone. The club insist he is not for sale but his agent Jorge Mendes is exploring potential solution for 2023."🔴🇵🇹 #Atletico
— Football Transfers (@Transferzone00) October 17, 2022
(via @podcastherewego)