После 2:2 во првиот натпревар од 1/8 финалето на ФА купот, Тотенхем денес го совлада Рочдајл со убедливи 6:1.
Тотенхем одлично започна од самиот старт и поведе во 23 минута преку Сон Хеуг Мин, кој одлично се избори за позиција за удар и го матираше голманот на Рочдајл.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во 25 минута фудбалерот на Рочдајл го собори Трипиер, а после прегледувањето на снимките беше досуден пенал. Хеунг Мин ја смести топката во мрежата, но неговиот гол беше поништен бидејќи при залетот подзастана.
Набрзо следуваше и одговор на Рочдајл. Се играше 31 минута кога Хумпхур изедначи на 1:1 после асистенцијата од Канон. Со резултат 1:1 се замина на полувремето, а потоа одличниот Љоренте ги одлучи сите дилеми. Шпанецот во 47 минута рутински го совлада голманот на Рочдајл за 2:1, за шест минути подоцна после асистенција од Лукас да погоди за 3:1.
Шест минути подоцна Љоренте го комплетираше хет-трикот и ги реши сите дилеми за патникот во ¼ финалето.
Сон Хеог Мин во 65 минута погоди за 5:1 додека младиот Валкер Питерс во последните минути од натпреварот постигна погодок за конечни 6:1.