Наполи е лидер во Серија А, но сака додатно да го засили тимот во борбата за Скудетото, па откако доби „корпа“ од Симоне Верди сега се насочува кон друга ѕвезда од Серија А.
Имено, Наполи сака по секоја цена да донесе еден крилен напаѓач, а најновото име на списокот е Стефан Ел Шарави од Рома.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ел Шарави се етаблираше во дресот на Милан каде помина пет сезони, но големиот број на повреди го спречија неговиот развој.
Од 2016 година е член на Рома каде повторно игра на високо ниво, а оваа сезона има 16 настапи во Серија А на кои постигна четири гола.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „Фараонот“ е блиску до трансфер во Наполи. Наводно играчот веќе се договорил со лидерот во Серија А, па сега останува само двата клуба да ја договорат отштетата.
Ваквиот трансфер сигурно нема да му го простат навивачите на „волчицата“ бидејќи Наполи е голем ривал и директен конкурент на Рома.