Дома Македонски спорт ФАНТАСТИЧНА ВЕСТ: Вардар утре ќе се гледа голем видео бим на плоштадот во Скопје!

ФАНТАСТИЧНА ВЕСТ: Вардар утре ќе се гледа голем видео бим на плоштадот во Скопје!

Вардар денес направи фантастичен успех и се избори за финале во Лигата на шампионите каде што ќе игра против Веспрем.

Црвено-црните денес успеаа да се вратат од минус седум и на крајот да слават со два гола разлика. По повод овој голем успех, градоначалникот на градот Петре Шилегов објави одлична вест – Вардар утре ќе се гледа ма голем видео бим на плоштадот во Скопје.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Градот Скопје, утре на нашиот плоштад, на голем видео бим, организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар !!! Едно е Скопје“, стои во објавата на Шилегов на неговиот Фејсбук профил

Се надеваме и на голема прослава!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…