Лионел Меси се наоѓа во самозизолација откако беше потврдено дека е заразен со коронавирусот, а аргентинскиот ди-џеј Фер Паласи е обвинет дека го заразил.
Меси во текот на одморот во Аргентина беше забележан на повеќе забави, а меѓу нив и новогодишната на кој музика пушташе ди-џејот Паласио. Самиот ди-џеј се пофали со фотографија со Меси.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Станав тренд на Твитер затоа што Меси е позитивен. Мене ме поврзуваат со тоа и тврдат дека јас сум го заразил. Добивав и лични закани. Јас се тестирав вчера затоа што патувам за Уругвај и мојот резултат е негативен“, изјави Паласио.