Дома Фудбал Лига на шампиони Фалкао: Барса не му даде гол на Јуве? Затоа Аталанта им даде два!

Фалкао: Барса не му даде гол на Јуве? Затоа Аталанта им даде два!

Фудбалерот на Монако, Радамел Фалкао иако исклучително ја цени одбраната на Јувентус, сепак изрази оптимизам пред полуфиналниот дуел во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој дуел е најавен како најдобриот напад против најдобрата одбрана во Европа во моментов. Монако на сите четири натпревари во нокаут фазата постигна минимум по три гола, додека Јувентус не прими ниту еден гол во двомечот со Барса.

„Да се постигнуваат голови против Јувентус не е лесно, тоа е многу добро балансиран тим. Имаат одлични фудбалери и притиа се многу добри во тимската одбрана. Вистина е дека Барса не успеа да постигне ниту еден гол во два меча против нив, но Аталанта постигна два. Во фудбалот е се можно“, изјави Фалкао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Историски погодоци на Мбапе дадоа летечки старт на Франција

Тимот на Франција започна успешно во кампањата на Светското првенство во САД, Мексико и Ка…