Еден од најпознатите светски новинари, Фабрицио Романо објави дека Лионел Меси во понеделник ќе ја добие својата осма „Златна топка“.
„Меси доби порака во понеделеник да биде во Париз и да го подготви своето свечено одело. Сите знаеме што то значи. Да сигурно, осми пат ќе ја освои „Златната топка“. Се укажува на тоа“, пишува Романо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, „Златната топка“ веќе не се доделува на завршувањето на годината, туку за претходната, а Меси е главен фаворит поради освоеното Светско првенство со Аргентина на кое беше најдобар играч.
Главен конкурент на Меси му беше Ерлинг Халанд кој со 52 гола го водеше Манчестер Сити до тројна круна. Меси така ќе го наследи Карим Бензема кој минатата година го освои ова признание, а далеку зад себе ќе го остави Кристијано Роналдо кој има пет вакви награди.