Италијански репрезентативец, Федерико Бернардески готово сигурно ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната.
Бернардески беше доведен како еден од играчите на кои може да се темели иднината на Јувентус и „старата дама“ за него пред четири години плати 40 милиони евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, Италијанецот не ги оправда во целост очекувањата, особено оваа сезона кога не добива голема минутажа кај Алегри.
Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави дека двете страни ќе ја продолжат соработката, па Бернардески на лето ќе биде слободен агент.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, бидејќи Пиоли во него гледа одлично засилување за десната крилна позиција.
Интерес за Бернардески покажуваат уште Наполи и Рома, па останува да видиме каков ќе биде неговиот избор.