Дома Фудбал Останато Уште еднаш покажа дека е голем човек: Роналдо ги изненади португалските фудбалерки

Уште еднаш покажа дека е голем човек: Роналдо ги изненади португалските фудбалерки

Португалските фудбалерки до 17 години добија мало изненадување од најдобриот фудбалер на нивната земја Кристиано Роналдо.

Младите фудбалерки се квалификуваа во елитната рунда квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Поради тој нивни резултат Роналдо се одлучил да им приреди едно изненадување.

„Се надевам дека овие копачки ќе ви помогнат да ги остварите вашите соништа. Кога бев дете имав обични копачки, но луди соништа. Сакав да станам најдобар во светот, а соништата секогаш се важни. Го остварив својот сон, се надевам дека и вие ќе ги остварите вашите. Ви честитам на пласманот во елитниот круг во квалификациите, продолжете така. Среќно и уживајте во новите копачки“, напишал Роналдо во писмото.

Девојките биле воодушевени од скапите копачки, додека Роналдо уште еднаш покажа дека сака да помага и не заборава од каде доаѓа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска беше постигнат најбрзиот гол сезонава во Премиер лигата! (Видео)

Ливерпул по пауза од месец и пол успеа да постигне победа дома во Премиер лигата. Во 16-то…