Дома Фудбал Усаин Болт наскоро може да добие повик во репрезентацијата на Јамајка

Усаин Болт наскоро може да добие повик во репрезентацијата на Јамајка

Најголемиот спринтер на сите времиња, Јамајканецот Усаин Болт би можел да добие шанса да заигра и за својата репрезентација.

Имено, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Јамајка, Мајкл Рикетс би сакал да го види Болт во репрезентацијата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Малку сум разочаран што не потпиша за некој клуб од Јамајка. Ако се покаже доволно добар за нашата репрезентација сигурно ќе добие повик. Засега го следиме неговиот напредок. Тренерот ќе донесе одлука, а ние би сакале да ги видиме во вистински, сериозен натпревар“, изјави Рикетс.

Легендарниот атлетичар на 32 години тренира и игра пријателски натпревари за австралискиот Централ Кост Мартинерс, но поради неговите високи барања веројатно нема да потпише професионален договор.

„Усаин има посебен квалитет поради брзината. Кога на тоа би додал уште малку вештина и убавина во играта би можел да биде големо засилување за нашата репрезентација. Веќе разговарав со некои наши играчи и тие се возбудени од помислата дека Болт може да заигра со нив. Ако направи транзиција од атлетска супер ѕвезда во добар фудбалер, сигурно ќе добие повик“, заклучи првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Јамајка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…