Mладата фудбалерка Талија Чаверија (20) која настапуваше за тимот на Њу Мексико Стејт во четвртокот била пронајдена мртва во својот стан.
Цимерката на несреќната Чаверија ги повикала службите откако од понеделеникот не можела да стапи во контакт со Чаверија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од полицијата велат дека засега не се сомневаат на убиство или самоубиство.
„Во овие момент нема детали кои укажуваат на убиство или самоубиство“, нагласи портпаролот на полицијата Дани Трулио.
Today, the NM State community is mourning the loss of one of its family members, Thalia Chaverria.
— NM State Soccer (@NMStateWSOC) July 11, 2023
Our thoughts go out to her family, friends and teammates as they navigate through this difficult time.
We love you, 2💜
Statement: https://t.co/lML0k2s8SR pic.twitter.com/5EuKS5akYP
Девојката која е родена 2003 година во изминатата година ја освои својата прва конференциска титула со тимот, а одигра 20 од 21 натпревар. На теренот помина 1.787 минути.
Изјава за медиумите даде и тренерот на Њу Мексико Стејт, Роб Бартс кој е длабоко погоден.
„Веста го погоди целиот тим, смртта на Талија е голема загуба. Таа беше инспирација за сите во тимот, ќе ни недостасува, но нема да ја заборавија. Нејзинот дух ќе биде секогаш со нас, на теренот, но и надвор од него“, изјави Бартс.