Дома Останати Ужасни вести: Во сообраќајна несреќа загина братот на нигериската фудбалска легенда, тој се бори за живот!

Ужасни вести: Во сообраќајна несреќа загина братот на нигериската фудбалска легенда, тој се бори за живот!

Легендарниот нигериски фудбалер Тијани Бабангида, кој остана запаметен по настапите кон крајот на деведесеттите и почетокот на 2000-тите, доживеа несреќа во родната Нигерија, во која загина неговиот брат Ибрахим, додека тој и неговата сопруга беа пренесени во болница.

Имено, Бабангида отишол на настан со неговиот брат Ибрахим и неговата сопруга, но на автопатот Кадуна – Зарија им се случила сообраќајна несреќа.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


„Се молиме за Тијани Бабангида и неговото семејство кои доживеаја трагедија на патот Кадуна – Зарија. Ибрахим Бабангида, помладиот брат на Тијани, го загуби животот, додека претседателот (Тијани) со семејството е пренесен во болница. Нека почива во мир душата на Ибрахим Бабангида, амин“, стои во соопштението.

Ибрахим има 47 години, а познат е и како фудбалер кој го освоил Светското првенство за играчи до 17 години со Нигерија во 1993 година во Јапонија.

Неговиот брат е далеку попознат, бидејќи играше за Рода, Венло, Ајакс, Генчлербирлиги, Витесе, Ал Итихад и Чангчун, а одигра и 36 натпревари за репрезентацијата на Нигерија.

Покрај нив двајца, во автомобилот била и сопругата на Тијани, која исто така завршила во болница, а според првите извештаи тие се во критична состојба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…