Дома Фудбал Го назначија за селектор, па го отпуштија за три дена – ваква долго не се памети!

Го назначија за селектор, па го отпуштија за три дена – ваква долго не се памети!

Фудбалската федерација на Нигерија објави дека се разделува со тренерот Бруно Лабадија и тоа го направи само три дена откако тој пристигна на функцијата.

Како што потврдија од Фудбалскиот сојуз тие одлучиле да се разделат откако Лабадија барал тие да му го плаќаат и данокот на неговата плата.

„Не сме во можност да преземеме таква одговорност за исплаќање на дополнителни пари помеѓу 32 и 43 отсто од неговата месечна плата“, потврдија од Фудбалскиот сојуз на Нигерија.

Веќе е потврдено и дека негов наследник на селекторската позиција ќе биде Агустин Егуавон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…