Финалето во Лигата на шампионите сезонава треба да се игра во Истанбул, но според последните информации УЕФА сериозно размислува за промена.
Поради претседателските избори во Турција можни се нереди во најголемиот град во оваа земја, па УЕФА не сака ништо да ризикува и наводно веќе се разгледувани други опции.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Дејли Мејл“ објави дека Европската куќа на фудбалот го контактирала Фудбалскиот сојуз на Португалија за финалето да се игра на стадионот „Луж“ во Лисабон. Одлуката за дали ќе има промена би требало да се донесе следната недела, а ако тоа се случи ова би било четврта сезона во низа во која финалето на ЛШ го менува својот домаќин.
Финалињата во 2020 и 2021 година требаше да се играат во Истанбул, но поради пандемијата тогаш се премесуваа во Лисабон и Порто.
UEFA abordou informalmente a FPF sobre Lisboa receber a final da Champions League este ano, caso Istanbul, o atual anfitrião, se torne inviável devido a agitação pós-eleitoral, informa @MattHughesDM pic.twitter.com/RPoey9LxP6
— B24 (@B24PT) May 11, 2023