Денес фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното Генерално Собрание за 2022 година, а главна вест беше промената на системот за натпреварувањата во Втората лига, но и двете генералните стратегии за развој на машки и женски фудбал.
На Собранието присуствуваа и претставници на УЕФА и ФИФА. Денис Бастари беше претставникот на УЕФА, а Чарлс Ботман претставник на ФИФА.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Честитки за успесите за минатата година, успеси како на терен, така и надвор од него. Ова е убава можност да го нагласиме силното пријателство и соработка меѓу ФИФА и ФФМ. Вие стево чекор со ФИФА и заеднички придонесуваме заразвој на спортот кој сите го сакаме. ФИФА е горда на многуте заеднички проекти што ги спроведуваме во рамките на FIFA forward програмата. Не радува тоа што финансиските средства се вложуваат за развој, посебно на клучната компонента, а тоа е инфраструктурата. Ви честитам за објавувањето на новата стратегија, како и стратегијата за женски фудбал, можете да сметате на континуираната поддршка од ФИФА за остварување на зацртаните цели. Исто така, бидете горди на напорната работа и трудот што го вложивте во изминативе години почнувајќи од аматерско до највисоко ниво. Единствено на тој начинможе да се постигнат најголеми успеси, а доказ за тоа беше настапот на Македонија на ЕП 2020 и пласманот во бараж за Светско првенство“, изјави Ботман
Пофалби и заблгагодарување истакна и Бастари.
“Веќе неколку години фудбалот и светот не живеат во нормална ситуација, прво со Ковид-19, а сега пред неколку недели во срцето на Европа изби војна. Скршени сме од болка од тоа што се случува во Украина. Ние како УЕФА сме подготвени да направиме сѐ што е можно да направиме да заврши ова, а сите покажаа солидарност. Сакам да и заблагодарам на ФФМ за поддршката на секоја одлука на УЕФА и за секоја одлука за европскиот фудбал“, изјави Бастари.