УЕФА ги предупреди англиските политичари дека Англија може да биде исфрлена од Европското првенство во 2028 година, чиј домаќин ќе биде Шкотска, Велс и Ирска, објави Би-Би-Си.
Предупредувањето дојде поради идејата што ја развиваат Англичаните што ќе доведе до формирање независно регулаторно тело кое ќе го надгледува и контролира фудбалот во оваа земја.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа тема повторно стана актуелна во јули, кога повторно беше изнесен предлогот за донесување закон, според кој независно регулаторно тело ќе ја надгледува работата на петте најсилни лиги. Во таа прилика, владата на Обединетото Кралство истакна дека ова тело ќе ги заштити клубовите со тоа што ќе се грижи за нивната финансиска исплатливост.
Би-би-си наведува дека имал пристап до писмото што го добила тамошната министерка за култура и спорт, Лиза Нанди. Писмото е испратено од генералниот секретар на УЕФА Теодор Теодоридис во кое се вели:
„Загрижени сме затоа што во нормални околности фудбалот и контролата на фудбалот треба да ги води националниот сојуз.
Една работа особено се издвојува и предизвикува загриженост бидејќи се издвојува од основните барања на УЕФА – тоа е она што вели дека не смее да има мешање на државните органи во управувањето со фудбалот.
Имаме конкретни правила кои постојат за заштита на автономијата на спортот и фер односите во спортските натпревари. Крајната казна е исклучувањето на Здружението од УЕФА и тимот од сите натпреварувања“, се наведува во писмото.