Дома Фудбал Останато Таткото на Меси заврши во полиција!

Таткото на Меси заврши во полиција!

Хорхе Меси заврши во полиција, за среќа се завршило без жртви…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Таткото на Меси се наоѓа во полициска станица каде што е приведен поради предизвикување на собраќајна несреќа.

Имено, тој со својот автомобил удрил во момче кое било на мотор. Момчето веднаш било пренесено во болница, а настанот пријавен во полиција.

Немилиот настан се случил во Росарио во близина на квартот каде што растел и Лео и каде што денес живее поголемиот дел од неговото семејство.

Хорхе Меси е задржан за да му биде направен алко-тест. Според првите информации тој е виновникот, а во зависност од повредите на мотоклицистот ќе видиме дали ќе биде отворено обвинение кон него.

Меѓутоа момчето кое било повредено и кое се здобило со полесни повреди на екстремитетите најави дека ќе поднесе приватна тужба.

Од министерството на Аргентина потврдија дека Хорхе Меси кој возел БМВ М3 го удрил лицето Родриго.А кој возел мотор Хонда Титан.

Инцидентот се случил вчеравечер околу 20:00 часот. Повредениот Родриго А, тогаш бил веднаш пренсен во најбилската клиника „Клементе Алварез“ каде што му била укажана лекарска помош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Преди 10 години Меси се откажа од репрезентацијата на Аргентина. Останатото е историја

Пред точно 10 години Лионел Меси го шокираше фудбалскиот свет, објавувајќи го своето повле…