Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел не беше задоволен од ремито со Наполи (1:1) на Сан Паоло.
ПСЖ после првото полувреме водеше со 1:0, а потоа во другиот дел ја препушти иницијативата на Наполи кој до бод стигна со голот на Инсиње од пенал во 63. минута.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
На најстрогата казна за Наполи и претходеше голема грешка на Тиаго Силва, а според Тухел имало и офсајд позиција.
„Наполи доби пенал после чиста офсајд позиција, но што да правиме. Мора да го прифатиме резултатот и да продолжиме да се бориме за пласман понатаму. Овој натпревар можеше да заврши и различно. Нашата група е тешка и изедначена, но и натаму ја држиме ситуацијата во свои раце.“ – изјави Тухел.
ПСЖ до крајот на групната фаза ќе гостува кај Црвена Звезда и ќе го пречека Ливерпул.