Дома Трансфер зона Трап го потврди интересот: Манчестер Јунајтед е голем клуб и ми требаше време да размислам

Трап го потврди интересот: Манчестер Јунајтед е голем клуб и ми требаше време да размислам

Maнчестер Јунајтед се обидуваше да го доведе голманот на Ајнтрахт Кевин Трап, денес голманот преку социјалните мрежи го потврди интересот од англискиот премиерлигаш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На негова адреса пристигнала понуда, но голманот имал поинакви планови.

„Деновиве имаше многу информации за интересот на Манчестер Јунајтед за мене и точно е клубот имаше подготвено понуда. Манчестер Јунајтед е голем клуб и верувам дека сите ќе разберат зошто ми беше потребно време да размислам“.

„Сепак вчера ги информирав одговорните на двата клуба дека го избрав Ајнтрахт, доживеав фантастични работи тука и ќе продолжиме заедно да испишуваме историја“, објасни Трап.

Манчестер Јунајтед е во потрага по поддршка за Давид Де Геа по заминувањето на Дин Хендерсон, но Трап очигледно повеќе сака да има загарнтирана минутажа. Сезонава со Ајнтрахт ќе игра и во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…