Вчера стартувавме, а денес (4-ти јануари) продолжуваме и така ќе биде се до затварањето на јануарскиот преоден рок – со Спортски.мк бидете во тек со се што се случува на трансфер пазарот ширум светот!
– За почеток тука можете да се потсетите што се случуваше во вчерашниот ден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
– Вчера се појави вест дека Ванда и Икарди се спремни да прифатат нов договор со плата од осум милиони евра, но, не изгледа не е така. Ванда за својот сопруг бара плата од девет милиони евра по сезона. (ОВДЕ)
Mauro Icardi’s wife and agent is reportedly requesting €9m per season for the #Inter striker to sign a new contract. https://t.co/m1GW7SyEQV #FCIM pic.twitter.com/ybg10Xs95N
— footballitalia (@footballitalia) January 4, 2019
– Откако стана јасно дека Ница нема намера да продолжи со Балотели, нов клуб на Италијанецот изгледа ќе биде Марсеј. Постојат информации и дека Њукасл може да се вклучи во трката за неговиот потпис, но засега Марсеј е фаворит. (ОВДЕ)
– „Индепендент“ пишува дека Арсенал донел одлука да го задржи Месут Озил до крајот на сезоната. (ОВДЕ)
– Барселона сака да го врати во своите редови Дани Олмо кој сега го носи дресот на Динамо Загреб. Во Динамо не сакаат да преговараат за сума помала од 25 милиони евра. (ОВДЕ)
– OФИЦИЈАЛНО: Тоби Алдервилд нема да биде слободен играч наредното лето. Тотенхем ја искористи опцијата во договорот и автоматски го продолжи за уште една сезона.
The Club can confirm that we have activated the option to extend @AlderweireldTob’s contract until 2020.
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) January 4, 2019
– ПРЕГОВОРИ: Холандските медиуми на големо пишуваат дека вчера во Амстердам делегација на ПСЖ преговарала со луѓето од Ајакс за трансфер на супер талентираниот Франк Де Јонг.
? El PSG viaja a Amsterdam para intentar fichar a De Jong https://t.co/nMEzZikpUY pic.twitter.com/Ew5ROf2F89
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) January 3, 2019
– Наитан Нандез од Бока Јуниорс многу веројатно ќе заврши во редовите на Каљари за сума од 13 милиони евра. Ова е изненадување бидејќи се очекуваше да премине во посилен клуб.
– Талентираниот 19 годишен фудбалер Жан Клер Тодибо изгледа донел одлука. Шпанските и италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона била поуспешна и ги победила во трката Јувентус и Наполи.
– Aндреас Переира има договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната и многу веројатно ќе го напушти клубот како слободен играч. Во редот за неговиот потпис застанаа Фиорентина и Лацио.
– Димитри Паје одбил астрономска понуда од Кина, негова желба е да остане во Марсеј.
– Mилан имал намера да го ангажира Моис Кин од Јувентус на позајмица, но нивната понуда била одбиена.
– Балотели заминува од Ница, а на негово место Французите би можеле да го доведат Рубен Будебуз од Бетис за 14 милиони евра.
– БОМБА, БОМБА: ПСЖ во Амстердам не преговарал само за Де Јонг, туку и за Матијас Де Лихт – спремни се да платат 150 милиони евра! (ОВДЕ)
– Солскјер зборуваше за можните засилување во јануарскиот преоден рок:
„Сигурен сум дека имаат добри планови за преодниот рок. Клубот веројатно од лето направил план, можеби и порано. Структурата е одлична, сигурен сум дека имаат во план некои играчи“ (ОВДЕ)
„Калчомеркато“ пишува дека за Ирвинг Лозано од ПСВ интерес покажал и тимот на Челзи. Лозано во својот договор има откупна клазула во износ од 40 милиони евра.
Chelsea to bid £36m for versatile Hirving Lozano https://t.co/q164Sg3bNY pic.twitter.com/0uRlBxLgDw
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) January 3, 2019
– Освен Јаник Караско во нападот, Милан за јануари има и две мети од средината на теренот – Николо Барела од Каљари и Стефан Јохансен од Фулам. (OВДЕ)
– „Мундо Депортиво“ пишува дека до крајот на неделата ќе бидат договорени сите детали за трансфер на Адриен Рабио во Барселона.
– OФИЦИЈАЛНО: Барселона ја комплетираше продажбата на Паулињо кој во Гвангжу премина како позајмен играч за 42 милиони евра. Ова е трет најголем трансфер во историјата на Барселона, пред Паулињо се само Фиго и Нејмар. (ОВДЕ)
#FCBarcelona have received just €42m for the permanent sale of Paulinho to Guangzhou Evergrande, rather than the previously reported €50m (he is still the third highest sale in the club's history) https://t.co/1D7w3NolEx pic.twitter.com/1lrcZ7nFlL
— footballespana (@footballespana_) January 4, 2019
– Тимо Вернер одби да го продолжи договорот со Лајпциг неговата ситуација ја следат дури пет клуб – Баерн Минхен, Ливерпул, Атлетико Мадрид, Милан и Јувентус. (ОВДЕ)
– Се појави вест дека Алексис Санчез би можел да го напушти Манчестер Јунајтед и да се врати во Шпанија. За неговиот потпис интерес покажале екипите на Атлетико Мадрид и Валенсија (ОВДЕ)
– Според некои италијански медиуми Барселона подготвува понуда од 120 милиони евра за Калид Кулибали. (ОВДЕ)
– Интер и Рома се борат за потписот на одличниот Аргентинец, Родриго Де Паул од Удинезе. Во овој момент во „пол-позиција“ се „нероаѕурите“.
– БЛИСКУ: „Скај Спорт“ пренесува дека Натаниел Клајн од Ливерпул е пред трансфер во Бурнемоут (ОВДЕ)
– НЕ Е САМО КЛАЈН: Бурнемоит од Ливерпул го доведува и Соланке за сума од 19 милиони фунти.
BREAKING: Sky sources: @afcbournemouth in advanced talks with @LFC over the permanent signing of Dominic Solanke. #SSN pic.twitter.com/tOdUygz87v
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 4, 2019