Неизвесноста и понатаму ќе трае, но од Островот тврдат дека во Арсенал донеле одлука.
Со доаѓањето на Унаи Емери на местото тренер во Арсенал видовме бројни промени што резултираше со добри резултати во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Топџиите“ се наоѓаат на петтата позиција на табелата со сериозни шанси да го нападнат местото кое води во Лигата на шампионите, но еден од фудбалерите од кој навивачите не се во целост задоволни е Месут Озил.
Репрезентативецот на Германија не ужива премногу доверба кај шпанскиот стратег, навистина често пати беше повреден од стартот на сезоната, но кога е здрав не ја добива стандардната минутажа.
Поради тоа сеп ојавија шпекулации дека би можел да го напушти „Емирати“ веќе во јануари. Се споменуваа повеќе клубови.
Меѓутоа, според најавите на „Индепендент“ во Арсенал одлучил да го задржи Озил до крајот на сезоната и за неговата иднина да одлучува наредното лето.
Договорот на Озил му истекува 2021 година, а доколку неговиот статус во тимот не се промени многу веројатно ќе го напушти клубот и порано.