Дома Топ вести Договорот на Икарди главна тема во Интер – Ванда сака двојно повеќе!

Договорот на Икарди главна тема во Интер – Ванда сака двојно повеќе!

icardi

Во италијанските медиуми вчера се појави вест дека Икарди и Ванда се спремни да прифатат договор со плата од осум милиони евра по сезона, но изгледа не е така.

Икарди во овој момент заработува 4.5 милиони евра по сезона и тоа сигурно не ја отсликува неговата важност во тимот на Интер. Денес „Кориере дела Сара“ пишува дека Ванда за својот сопруг бара двојно повеќе – 9 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со таа заработка Икарди би стигнал на третото место на листата најплатени играчи во Серија А. Кристиано Роналдо е недопирлив со 30 милиони евра годишно во Јувентус, Гонзало Игуаин 9.5 милиони евра. Во овој момент платата на Икарди навистина е понижувачка со оглед на неговото влијание во играта на Интер.

Дали е вреден девет милиони евра по сезона, тоа е друго прашање. На друго место, во други земји сигурно би можел да добие и повеќе. Го знае тоа и Ванда.

Како и да е јасно е дека во овие моменти Интер и Икарди (Ванда) се во преговори, а наскоро се очекува некоја од страните и официјално да се огласи.

https://www.youtube.com/watch?v=fK5LYVd1MHs&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи ја сака отпишаната ѕвезда на Манчестер Јунајтед

Челзи се вклучи во  трката за потписот на Мејсон Гринвуд кој оваа сезона игра на позајмица…