Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Севиља го купи напаѓачот на Барселона – бидете во тек!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Севиља го купи напаѓачот на Барселона – бидете во тек!

transfer

Тимот на Спортски.мк и во овој преоден рок ќе биде со вас и ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот се до завршувањето на истиот.

– За почеток погледнете кои клубови трошеле најмногу во зимскиот преоден рок (ОВДЕ) 


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Голем број медиуми пренесуваат дека наскоро Милан ќе постигне договор со поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид кој настапува во Кина, Јаник Караско. (ОВДЕ) 

Сеск Фабрегас вчера доби аплаузи од „Стенфорд Бриџ“, а на Островот се тврди дека тоа беше неговиот последен натпревар во дресот на Челзи. (ОВДЕ)

Маурицио Сари изјави дека не знаел ништо за трансферот на Кристијан Пулишиќ вреден 64 милиони евра. (ОВДЕ)

– Барселона, Реал, Баерн, Ливерпул…Сите се доведуваа во врска со Тимо Вернер од Лајпциг. Спорткиот директор на Лајпциг, Оливер Минклаф признава дека овој напаѓач мора да го продолжи договорот кој му истекува во 2020 година.

„Клуб каков што сме ние не смее да си дозволи Тимо Вернер да влезе во последната година од договорот“.

– „Дејли Мејл“ пишува дека Ливерпул ќе му понуди нов договор на Даниел Стариџ.

–  Јакуб Блажиковски после цели 12 сезони ќе ја напушти Германија. Волфсбург на припреми во Шпанија тргна без 33 годишниот крилен играч кој ќе се врати во Висла Краков.

Кејлор Навас вчера објави слика на својот Инстаграм профил која можеби значи простување од Реал Мадрид. Прв во редот за неговиот потпис застана Арсенал.

– После одбивањето на понудата од Евертон, Барселона добила понуда вредна 50 милиони евра за услугите на Малком од кинески Гвангжу Евергранде. Одговорот на клубот како и тоа дали играчот има желба за трансфер засега не се познати. (ОВДЕ)

– Наполи во овој преоден рок ќе се обиде да го доведе Ирвинг Лозано од ПСВ. (ОВДЕ)

– Рома би можела да го доведе Жоао Миранда кој во Интер добива три милиони евра по сезона, но го изгуби местото во тимот после доаѓањето на Стефан Де Фрај.

– Барселона му понудила нов договор на Мунир Ел Хадади, но талентираниот фудбалер истиот го одбил – сака клуб каде што ќе биде стандарден, пишува „Мундо Депортиво“.

– Mилан наскоро би можел одново да тргне по Сергеј Милинковиќ Савиќ. Се споменува понуда за позајмица и од девет милиони евра и обврска за откуп на крајот од сезоната. (ОВДЕ).

Maркус Рохо кој не блеска на „Олд Трафорд“ би можел да му се придружи на нашиот Елиф Елмас во редовите на Фенербахче. Наводно, турскиот клуб нуди позајмица на 18 месеци.

Арјан Адеми ја одбил понудата од најстариот клуб во Саудиска Арабија, Ал Итихад и одлучил да остане во Динамо Загреб. Понудата изнесувала седум милиони евра за договор на три години. (ОВДЕ) 

– Oстровските медиуми повторно пишуваат за Манчестер Јунајтед, овој пат тврдат дека спремни им се дури 210 милиони фунти за три засилувања во одбраната. Станува збор за Калид Кулибали, Тоби Алдервилд и Матијас Де Лихт. (ОВДЕ)

– Интер го спрема новиот договр за Муаро Икарди. Се очекува Аргентинецот да заработува осум милиони евра по сезона. (ОВДЕ)

– Според информациите на странските медиуми, играчот за врска на Наполи, Алан се наоѓа на мета на Пари Сен Жермен и „светците“ наводно се спремни да испратат понуда од дури 80 милиони евра. (ОВДЕ) 

– Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи ги демантираше гласините за можно враќање на Игуаин во Јувентус и потврди дека тој и вториот дел од сезоната ќе го помине во Милан. (ОВДЕ)

– Во Тотенхем не сакаат ништо да препушат на случајноста и спремаат нов договор за Кристијан Ериксен (ОВДЕ) 

– Откако утрово „Мундо Депортиво“ пренесе вест дека Мунир Ел Хадади одбил да го продолжи договорот со Барселона, сега пристигнува нова вест – МУНИР Е НОВ ИГРАЧ НА СЕВИЉА! (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…